Ова е новата Skoda Fabia: Интервју со дизајнерот Кабан

авг 19, 2014

0

Чешката марка денес ги објави првите фабрички фотографии од новата генерација на Fabia. Главниот дизајнер Јозеф Кабан зборува за предизвиците во поглед на формата и функционалноста на новиот модел.

Пред неколку месеци, дизајнерската студија Skoda VisionC ни даде првична претстава за идниот дизајнерски говор на Skoda. На кој начин новата Skoda Fabia го покажува тоа?

Јозеф Кабан: Со дизајнерската студија Skoda VisionC покажавме дека Skoda е способна да направи спој на одлична функционалност со експресивен и емотивен дизајн со поостра дефиниција. Новиот дизајнерски правец е следниот чекор во развојот на нашата марка и новата SkodaFabiaе првиот модел што комуницира со овој дизајнерски говор. Повикувајќи се на елементите од дизајнерската студија VisionC, новата Fabia е подинамична и поспортска.

Зошто потреба од повеќе емоции?

Барањата од една автомобилска марка и од нејзиниот дизајн се менуваат со текот на времето. Во последните години, Skoda го изгради своето име произведувајќи автомобили со висока функционалност и натпросечна просторност во кабината. Почувствувавме дека сега е вистинското време да создадеме посилна врска меѓу функционалноста на нашите автомобили и експресивниот и емотивен дизајн. Може да се каже дека се навраќаме назад кон нашите корени. Skoda има традиција во производството на дизајнерски ориентирани автомобили коишто се полни се емоции, како легендарната Skoda Popular Monte Carlo од 1930-те години. Сакаме денес да ги заживееме овие стандарди.

Дали поголемата емотивност оди на сметка на практичните својства на новата Fabia?

Не, напротив. И покрај целата своја емотивност, Skoda Fabia останува крајно верна на своите основни вредности и е попросторна, попрактична, поекономична и поинтелигентна од кога било досега. И покрај подинамичниот дизајн, го зголемивме просторот во повеќето важни подрачја. Багажникот е поголем и има најголема зафатнина во својата класа, а ентериерот е поширок и подолг. Покрај тоа, нудиме до десет нови решенија „Simply Clever“, вклучувајќи технологија MirrorLink, достапна за прв пат во Skoda, со функција за поврзување на паметен телефон со возилото. Понатаму, овој компактен автомобил е до 17 проценти поекономичен и има иновативни системи за асистенција од повисоките класи. Нашата нова Fabia докажува дека емотивноста и функционалноста се надополнуваат совршено.

Од дизајнерска перспектива, што е особеноста во новата Skoda Fabia?

При развојот на третата генерација на Fabia се фокусиравме кон креирање на поспортско возило и направивме поостар дизајн. Резултатот е младешки, свеж и модерен компактен автомобил што поставува нови стандарди во сегментот.

Кои дизајнерски елементи ги користевте за да го постигнете тоа?

Прво, на автомобилот му дадовме помали пропорции. Новата Skoda Fabia е пониска и поширока од претходната, што му дава подинамична појава на автомобилот. Исто така, има поостри рабови, јасни линии и поседува дизајнерски елементи на кристал. Тоа ни овозможи да постигнеме посилен контраст и повпечатлив спој на светлина и сенка. Сето тоа му дава на возилото единствен и самоуверен карактер.

Автомобилот изгледа многу посамоуверено од порано. Тоа е само поради новите пропорции?

Не е само поради тоа. Предниот дел од возилото е пример за тоа: Ги дизајниравме маската и светлата за оптички да изгледаат посилно како графичка целина. Тоа прави автомобилот да изгледа поширок, исто како и моќните контури на хаубата со два впечатливи гребени отстрана. Широките и прецизно изрежани светла, покрај магленките што ја нагласуваат ширината, дополнително придонесуваат за овој ефект. Чистата хоризонтална структура во задниот дел од возилото исто така демонстира силина. Моќната силуета, заедно со високата и остра странична линија создава поголема динамика.

Купувачите сé повеќе сакаат да остават посебен печат на нивниот автомобил. Што може нив да им понуди новата Fabia?

Постојат повеќе можности да се внесе индивидуален печат од претходно. На располагање се 15 бои на каросерија, како и специјални коцепти на бои, кои што им даваат на купувачите моќност за индивидуален избор на бојата на покривот, бандажите и ретровизорите. Нудиме три нивоа на опрема и голем број опции за ентериерот на возилото.

Какво значење имаат кристалните елементи?

Skoda се гордее на својата боемска традиција. Острите линии, јасните контури и прецизните рабови на светлата на новата Fabia се омаж на чешката традиција во уметноста на изработка на стакло и на високиот степен на прецизност, како и на високиот квалитет на изработка. Задните светла се особено импресивни.

 

Специјална серија за 40-годишнината на Golf

Das neue Volkswagen Sondermodell Golf Edition

Објавено на http://automedia.mk/?p=8517. Volkswagen го одбележува 40-от роденден на бестселерот со специјална серија Golf Edition. Цените во Германија почнуваат од 27.700 евра, опремата е спектакуларна.

Роденденскиот модел Golf Edition е опремен со спортски седишта во комбинација од кафена кожа и алкантара, таванот е во црна боја, исто како и внатрешните облоги на столбовите, вклучувајќи го логото на градот Волфсбург втиснато во седиштата. Стилскиот настап е заокружен со осветлени прагови и кожа на воланот и рачката на менувачот. За каросеријата стојат на располагање осум бои, премиерно вклучувајќи светло кафена боја во металик изведба, којашто постигнува одличен контраст со полираните бандажи од 17 инчи со дизајн „Сингапур“. Задните стакла се затемнети, а на повеќе места на каросеријата се среќава ексклузивната плочка во хромирана изведба со натпис „Edition“.

Техничката опрема исто така импресионира: Патен компјутер „премиум“, радарски темпомат, сензор за надгледување на мртов агол, ксенонски светла, како и автоматика за светлата и бришачите. Опремата понатаму вклучува радио Composition Media со дисплеј од 15 сантиметри, осум звучници и приклучоци за надворешни уреди. Основата на Golf Edition е највисокото ниво на опрема Highline, а заштедата во цената, не вклучувајќи ги ексклузивните ставки од опремата, изнесува 825 евра.

Електричен автомобил на солена вода прави голема сензација · http://automedia.mk/?p=8548

nanoFLOWCELL-AG_Quant_Approval-for-road-use_3

http://automedia.mk/?p=8548 Електричен автомобил што постигнува 350 km/h и има енергија за 600 километри – звучи неверојатно? Quant е-Sportlimousine сепак е реалност и на најдобар пат е да влезе во производство.

Необичниот електричен автомобил на тогаш анонимната марка Quant прв пат се појави во јавноста за време на последниот салон во Женева. Тогаш изгледаше дека иновативниот погон на струја на фирмата Nanoflowcell од Лихтенштајн ветува премногу добри работи за да биде реалност. Некаде мораше да постои некаков недостаток, моделот со име e-Sportlimousine требаше веќе да биде заборавен. Но, деновиве продолжува приказната за електричниот автомобил што користи солена вода место батерии.

Германскиот TUV му издаде атест на електромобилот, со што тој ќе може слободно да вози по улиците, иако засега е изработен во само еден примерок – и има непроценлива вредност. Токму овој атест е основа за натамошниот пат на Quant до добивањето на хомологацијата и до почетокот на сериското производство на e-Sportlimousine. Секој нов модел од кој било производител на автомобили мора да помине низ овој процес, во којшто се проверува дали техничките детали на возилото соодветствуваат на законските прописи, почнувајќи од сопирачките, преку светлата, до безбедносните ремени.

Но, што е толку особено во оваа e-Sportlimousine? Многу! Станува збор за првиот автомобил со погон со течни ќелии и за техника што ќе воведе досега невидена револуција во погонот на струја. „Ние сме многу брзи, полни со елан, ги надминуваме границите и сме чекор пред нашето време“, последно изјави Нунцио Ла Векија, шеф за техника во Nanoflowcell и конструктор на прототипот.

QUANT_WALCH_N2A7799_2

При премиерата во Женева, електричниот спортски автомобил беше паркиран веднаш покрај штандот на Tesla. Доколку се реализираат плановите, хомологацијата за возилото да биде издадена во текот на следната година, тоа ќе биде почеток на големата војна со американскиот специјалист за електричен погон.

Прототипот е дог 5,25 метри и во него се крие трајна моќност од 653 КС, односно краткотрајно 925 КС, кога четирите погонски електромотори ќе се впрегнат целосно. При максимален вртежен момент од четирипати по 2.900 њутнметри, спортската лимузина тешка 2,3 тони ќе се катапултира до 100 km/h за 2,8 секунди, а крајната брзина изнесува точно 350 km/h.

Дури и тоа е доволно за Quant да го презеде престолот на електричните автомобили, но тоа што ја плаши конкуренцијата е досегот – се ветуваат 600 километри, најмалку! Со зголемување на резервоарот соодветно ќе се зголеми и досегот. Прототипот моментно има два резервоара од по 200 литри гориво. Под гориво се подразбира електролитска течност, односно раствор на вода и соли на метал. Со други зборови: Солена вода.

Се размислува и за бродови со погон на водена ќелија

Оваа јонизирана течност доаѓа во допир со мембраната на течната ќелија од обете страни. Од едниот резервоар дотекува позитивно, а од другиот негативно наелектризиран електролит. При оваа „редокс“ реакција се создава електрична струја – толку е просто. Кога процесите на редукција и оксидација се одвиваат паралелно, во техниката тоа се нарекува „студено согорување“.

Nasa ја патентираше течната ќелија како алтернативна технологија за акумулирање на енергијата уште во 1976 година. Nanoflowcell го искористи овој принцип на работа и го усоврши, но тајна е како успеа во тоа. Во споредба со технологијата со литиум јонски батерии што е вообичаена кај актуелните електромобили, енергетската густина на погонот со течна ќелија е петпати поголема. Тоа значи дека e-Sportlimousine, при иста големина на „акумулатор“ ќе мине петпати подолг пат од конвенционалните електромобили.

Во моментов уште е рано да се зборува за почеток на продажба, за цени, опрема или какви било други пазарни параметри. Во секој случај, технологијата може да се примени и на помали и поедноставни автомобили. Nanoflowcell планира технологијата да ја воведе и во бродовите, што би придонело за нејзино поевтинување. Како продукт од „ладното согорување“ произлегува само пареа или гранулат, зависно од техничката постапка. Течната ќелија може да се користи и како стационарен погон. Моментно таа наоѓа примена во енергетскиот менаџмент на соларните електрани.

Огромна потрошувачка на гориво, но и покрај тоа поевтино за возење

Најважното секогаш следува на крајот. Новото гориво ќе биде евтино. Еден литар од електролитската течност ќе биде многу поевтин од литар бензин. Добро е што е така, затоа што прототипот во најдобар случај троши 66 литри електролит на сто километри. Трошоците за гориво во секој случај ќе бидат пониски отколку со фосилните или биогоривата, а полнењето на резервоарот исто така не претставува проблем, затоа што се користи истиот принцип на точење како на најобична станица за гориво.

Последново, сепак, наидува на еден проблем. Не постои инфраструктура за полнење на гигантските резервоари на Quant, поточно не постои ниту една станица во светот каде што може да се наточи електролитот. Горивото самостојно го произведува Nanoflowcell. За целиот проект да се заокружи и конечно да доживее сериско производство, потребно е да се приклучат партнери, како за изработката на возилото, така и за изградба на инфраструктура. Единствен партнер засега е Bosch. Тој ќе помогне да се изработат уште два прототипа од e-Sportlimousine.

Десетгодишнина на новата Dacia

1349c7b0-fb9b-0131-37fc-00163e17fa4b

Во десетте години под Renault, романската марка постигна успех каков што со децении се нема случено во браншата. Dacia откри сегмент на пазарот што конкурентите уште го немаат најдено.

Во 2014 година Dacia Logan се појави како прв нискобуџетен автомобил во светот, наменет за растечките пазари на земјите во развој. Храброста да се понуди нешто ново се исплатеше. Продажбата расте непрекинато откако романската марка конечно се најде под капата на Французите. До мај оваа година, Dacia продаде шест милиони возила на преку 100 пазари во светот. Само во минатата година се симнаа еден милион возила на Dacia од производствените ленти. Со седум модели, Dacia денес има најмлада моделска понуда во Европа. Duster во моментов е најпродавано возило во рамките на целата групација Renault.

Dacia беше визија на тогашниот шеф на Renault, Луи Швајцер, да понуди на пазарот автомобил за 5.000 евра. Шефот на концернот во 2003 година најави робусно и евтино возило за пазарите во развој на глобално ниво. Автомобилот беше замислено да понуди спој на современа техника, ниски трошоци за одржување и издржливост. Конкурентите сметаа дека тоа не може да се случи, но факт е дека Швајцер ги постави темелите за проектот X90 уште откако во 1999 година Renault ја презеде главнината од акциите на романскиот производител Dacia.

Во јуни 2004 година беше претставен најавуваниот автомобил за 5.000 евра. Успехот докажува дека Renault постигна вистински погодок со пвовој проект. По неполна година продукцијата на компактната лимузина надмина продукција од 100.000 примероци. Уште во истата година се придружија и фабриките во Русија, Колумбија и Мароко. Logan навистина беше најевтиниот автомобил на пазарот и неговото појавување се случи во вистинското време, кога купувачите покажаа поизразена свест за противвредноста на производите во општа смисла. Во тоа време почна победничкиот поход на дисконтните понуди, беше зачнат и трендот на нискобуџетските авиокомпании.

Огромниот багажник од 510 литри беше еден од клучните аргументи за купување на Logan, покрај останатите вредности. Особеност во конструкцијата на лимузината е тоа што сите каросериски лимови се проектирани со цел да се пресуваат со минимално залагање, што ги смалува производствените трошоци, а со тоа и цената на возилото. На тоа се надоврзува и користењето на техниката на Renault. На тој начин дополнително се смалија развојните и производствените трошоци, но се постигна и високо ниво на издржливост на техниката во сите услови на експлоатација. Како техничка основа за Logan послужи тогашниот Renault Clio.

Во 2006 година, Dacia го додаде вториот модел во понудата, комбито MCV, со максимален товарен волумен од 2.350 литри и бесконкурентна противвредност. Како резултат од тоа, продажбата во 2007 година достигна 367.000 возила. Стратегијата на Logan се примени и за сите следни модели на Dacia, да се понуди најевтиниот модел во секоја класа во која што е присутна марката.